Делегација од НГ на Вермонт во посета на караулата „Богородица“ и граничниот камен 59

Делегацијата од националната гарда (НГ) на Вермонт, предводена од генерал-мајор Стивен Креј, заедно со началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски денеска ја посетија јужната граница на Република Македонија.
На караулата „Богородица“ и во реонот околу граничниот камен 59, соопшти денеска ГШ на АРМ, делегацијата се запознала со активностите и начинот со кој припадниците на АРМ ги спречуваат обидите за нелегални преминувања на државната граница од почетокот на своето ангажирање во справувањето со миграциската криза.
Делегација на НГ на Вермонт со особен интерес ги проследила излагањата за прилагодување на тактичките мерки, техники и процедури кои се применуваат од страна на припадниците на АРМ во разни ситуации при спречување на нелегални минувања.
- За ефективната примена на мерките говори и самиот податок за досегашните десетици илјади спречени обиди за нелегално влегување во Република Македонија, стои во соопштението од ГШ на АРМ.
Делегацијата на НГ на Вермонт воп рамки на официјалната посета ќе го посетат и вториот механизиран пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада во гарнизонот Штип. Предвидено е генерал-мајор Креј заедно со началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски во текот на утрешниот ден да присуствуваат и на отварањето на на 31-то светско воено првенство во борење во СЦ Борис Трајковски во Скопје.
Ново на Сител
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
-

Две лица загинаа а три се тешко повредени во сообраќајка кај Агино Село
-

Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција
-

„Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
