Делегација од Град Скопје положи цвеќе на гробот на великанот Гоце Делчев
Градоначалничката Данела Арсовска и секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски, денеска положија цвеќе на гробот на великанот на македонската борба за слобода Гоце Делчев, во дворот на црквата „Свети Спас“, по повод 119 годишнината од неговата смрт.
-Гоце Делчев е еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација и народен водач кој со својата револуционерна дејност остави траен печат во македонската историја. Визионер кој уште пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Затоа, денеска на 4 мај, се потсетуваме на неговиот завет, на љубовта кон татковината и на несебичната жртва за слобода, се вели во денешното соопштение од Град Скопје.
Скопје и скопјани, се додава, достоинствено го чествуваат неговиот лик и дело и го вреднуваат неговото наследство.
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар