Македонија
11. December 2019 - 13:14

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски во посета на Франција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на Извршниот комитет д-р Игор Николов се во тридневна посета на Париз, Република Франција.

Во текот на посетата ќе оствари билатерални средби со повеќе претставници од Францускиот Сенат, Францускиот Парламент и претставници на Француското МНР.

На средбите ќе стане збор за Европските перспективи на земјава, надминување на сериозните слабости во борбата против корупцијата, и владеењето со правото како и развивање на продлабочена соработка помеѓу Република Македонија и Република Франција.