Македонија
2. August 2015 - 12:44

Делегација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на годишното собрание на EDS

Делегација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Владимир Нелоски, Лука Кржалоски, Камелија Спасова и Александра Златановска учествува во работата на годишното собрание на EDS( European Democrat Students) што се одржува во Малта.

EDS претставува десно ориентирана студентска и младинска политичка асоцијација која се состои од 36 младински организации, меѓу кои и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. EDS e  најголемата младинска организација во Европа и е официјален подмладок на Европската Народна Партија, која е најголема политичка партија на ниво на Европа со мнозинство во Европскиот парламент.

ums-3

После 2 годишно активно работење во најголемата младинска организација во Европа, со едногласна одлука на собранието, на Унијата на млади сили му е доделена организацијата на следната конференција на EDS, која што ќе се одржи во Скопје во текот на месец Септември оваа година.

ums-4

Унијата на млади сили пред неполн месец стана полноправна членка на најстарата младинска организација во Европа – DEMYC, а сега ова е уште една потврда за успешното претставување на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на меѓународно ниво. УМС на ВМРО- ДПМНЕ како најголем политички подмладок на Балканот, во континуитет продолжува да учествува во работата и да ја претставува Македонија во најголемите и највлијателни меѓународни младински организиции.

ums-5