Делегација на Собранието присуствуваше на седница на германскиот Бундестаг
Собраниска делегација предводена од претседателот на Парламентот Талат Џафери денеска присуствуваше на пленарна седница на германскиот Бундестаг.
Прва точка на дневниот ред на седницата на германскиот Бундестаг беше обраќање на Сојузниот канцелар Олаф Шолц во врска со вонредната седница на Советот на ЕУ на 30 и 31 мај.
Како што се посочува во соопштението од Собранието, во своето обраќање, Шолц ја нагласи потребата од финансиска помош на Украина, потсетувајќи на изгубените животи, домови и уништената инфраструктура во чие опоравување ќе треба да помогнат сите чинители. Во говорот, тој се осврна и на Западен Балкан и на заслугите и достигнувањата кои се основа за членство во Унијата за сите аспиранти, се наведува во соопштението.
Делегација на Собранието на РСМ деновиве е на студиски престој во германскиот Бундестаг во Берлин. Во состав на делегацијата која ја предводи Џафери, се и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, координатори на пратеничките групи, како и вработени во службата на Собранието.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги