Делегација на НГ на Вермонт во посета на АРМ
Висока воена делегација на Националната гарда (НГ) на сојузната држава Вермонт од САД, предводена од командантот генерал-мајор Стивен Креј престојува во тридневна официјална посета на Армијата на Република Македонија (АРМ).
За време на посетата генералот Креј ќе има средби со неговиот домаќин началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски и со министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Планирано е генерал Креј да ја посети јужната граница каде ќе се запознае со активностите кои ги превзема АРМ во справување со миграциската криза.
Делегацијата од НГ на Вермонт ќе посети и единици на АРМ стационирани во касарната Илинден во Скопје и во Штип, а ќе присуствува и на отворањето на 31. Светско воено првенство во борење.
НГ на Вермонт е партнер на АРМ со кој преку воената контакт програма се реализираат активности за соработка со Армијата на САД. Оваа програма се реализира преку различни форми на обука, како што се: семинари, конференции, посети на воени бази, школски центри и институции во САД, изведување на заеднички вежби и друго.
Ново на Сител
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат