-->
-->
Делчевската гимназија ќе разменува искуства со средно училиште од Љубљана
-->
Вкупно 18 ученици од делчевската гимназија „Методи Митевски – Брицо“, вечерва заминуваат за Љубљана, Словенија каде во наредните осум дена ќе го започнат процесот на збратимување со словенската гимназија „Полјане“. Како што информираше Директорот на гимназијата Љупчо Прачковски, посетата се реализира како дел од годишниот план за работа за учебната 2018/19 година.
– Многу е важно што посетуваме гимназија што доаѓа од една држава која е прогласена за најчистите држави во светот. Ширината и големината на чекорот што го преземаме ни дава за право да кажеме дека ние сме една од ретките гимназии која ќе посети држава каде културата е на еден од највисоките скалила во општеството. Во рамки на посетата на Словенија предвидена е програма од осум дена, со посета на културно-историските знаменитости, како и размена на искуства во делот на воспитно образовниот процес, истакна Прачковски.
За учениците ова е прва посета на средно училиште од земја членка на Европската Унија.
– Јас сум ученик во трета година и ќе бидам дел од групата која ќе патува и ова ќе биде одлично искуство за нас да ја запознаеме нивната работа и нивниот начин на образование. Ова е прва прилика што ни се укажува и ќе ја искористиме максимално, истакна ученичката Верица Ѓорѓиевска.
Процесот на збратимување ќе биде заокружен во месец април, кога средношколците ќе имаат возвратена посета на делчевската гимназија во чии рамки ќе бидат презентирани резултатите од соработката меѓу гимназиите од Словенија и Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување

