-->
-->
Делчево со повик до граѓаните да се приклучат на утрешната акција за пошумување
-->
![]()
Со цел зголемување на бројот на садници во Делчево, утре (23 ноември) во Делчево ќе се одржи акција за пошумување. Акцијата е во организација на Општина Делчево, од каде ги повикуваат граѓаните на масовно учество.
- Упатуваме повик до сите граѓани, институции и здруженија да земат масовно учество во акцијата за пошумување со цел сите заедно да дадеме придонес во збогатување на зеленилото и во зголемување на бројот на садниците во градот со што ќе покажеме дека се грижиме за чистиот амбиентален воздух во Делчево. Акцијата ќе се спроведе на неколку локации, а собирно место за учесниците е паркингот пред Спомен дом АСНОМ, информираа од Општината.
Акцијата се спроведува паралено со кампањата против загадување на воздухот, а освен граѓаните во акцијата со свои активности за подготовка на теренот ќе се вклучат и Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ и Јавното претпријатие „Национални шуми“- ПШС „Голак“ Делчево.
- Садниците ќе се засадуваат во делот од мостот на река Габровчица и паркот кај езерцата до градскиот стадион, при што се планира да се засадат околу 100 садници од јавор и јасен, како и чемпреси и липи во парковите во центарот на градот, додадоа организаторите.
Акцијата започнува во 9 часот, а учесниците со себе треба да понесат и соодветен алат за пошумување. Последната акција за пошумување во Делчево беше спроведена во 2015 година, под мотото „Зачувај ја својата иднина“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
