-->
-->
Дел од Тафталиџе и Козле утре без вода
-->
Корисниците од зградите со број 92, 94 и 96 на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во населбата Тафталиџе, како и околните куќи, фабриката Реплек и дел од населбата Козле утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е санирање на уличен дефект на цевка со пречник од 300 милиметри на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.112 во населба Тафталиџе, општина Карпош.
Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не го санираат дефектот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?