Македонија
11. July 2019 - 23:00

Дел од Преспанските села и вечерва без струја

Преспанските села Љубојно, Брајчино и Наколец попладнево добија електрична енергија, додека уште не е отстранет проблемот во селата Штрбово и Долно Дупени, поради непристапност на теренот.

Се очекува во текот на утрешниот ден екипите на ЕВН да ги вклучат во електричната мрежа и овие села од Долна Преспа.

Поради силното невреме што синоќа зафати дел од Преспа во кое имаше искршени и откорнати електрични столбови, без електрична енергија останаа речиси цела општина Ресен.