Македонија
25. May 2017 - 18:10

Дел од општина Центар утре без вода

Дел од корисниците од булеварот „Партизански Одреди“ во близина на Неуромедика и корисниците од улицата „Дане Крапчев“ во општина Центар утре од 8 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е уличен  дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на бул. Партизански Одреди б.б. до Неуромедика, а корисниците ќе бидат без вода се до санирањето на дефектот од стран на екипите на ЈП „Водовод и канализација“.