Македонија
25. April 2016 - 18:31

Дел од општина Центар утре без вода

Корисниците лоцирани на улиците „Тетовска“, „Ленинградска“ и „Јосиф Јосифовски-Свештарот“ во општина Центар, утре од 8 до 15:30 часот ќе бидат без вода за пиење.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради водоводен приклучок на улицата „Тетовска“ бр. 37 во Ново Маало.