Македонија
23. September 2015 - 15:01

Дел од општина Центар утре без вода

Поради отстранување дефект на водоводна цевка  ф 80мм на раскрсницата на улиците „Борка Талески“ и „20 Октомври“ во  општина Центар, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Борка Талески“, „20 Октомври“, „Костурски Херои“ и „Рајко Жинзифов“.

Како што соопшти РЦУК Скопје прекинот во водоснабдувањето ќе биде од  9:30 часот до санирање на дефектот.