Дел од Општина Центар утре без струја

Корисниците од улицата „Лазар Личеноски“, објектите на СРЦ Кале – лизгалиште, КФМ и спортска сала Кале, градилиштата под Кале, како и останатите објекти во тој дел од Општина Центар утре од 8:15 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Осма Ударна бригада“, објектот на Шведската амбасада, како и објектите лоцирани на плоштадот Сквер Јадран, а од 9:30 до 14:30 корисниците од улицата „Осма Ударна Бригада“ во Општина Центар.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
