Бизнис
9. December 2016 - 20:04

Дел од лозарите ја добија првата рата за предаденото грозје

Дел од Лозарите ја добија првата рата за предаденото грозје. Останатите парите ќе ги добијат следната недела кога истекува законскиот рок, 15ти декември.Производителите очекуваат дека винариите ќе го испочитуваат законот и ќе им ги исплатат средствата кои им се неопходни за следната сезона.

На митингот во Кавадрци лидерот на ВМРО ДПМНЕ  вети дополнителни 3 милиони евра субвенции за лозарите. Одлуката е донесена поради тешкотиите со кои се соочија тие годинава со доцнењето на откупот.

Оние кои што имаат до 0,5 хектари површини дополнително ќе добијат 20 000 денари, тие што имаат од половина до 1 хектар дополнителни 15.000 денари. Додека производителите што имаат од 1 до 5 хектари ќе добијат дополнителни 10 000 денари.

Со дополнителните субвенции, за лозарите ќе бидат наменети  вкупно 460 милиони денари.