Дел од линиите на ЈСП ќе сообраќаат по изменет режим
Поради најавената блокада на раскрсницата во Автокоманда на булевар „Александар Македонски“ со „16 Македонска бригада“, дел од линиите од јавниот градски превоз денеска во период од 7 до 10 часот ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.
По изменети траси ќе сообраќаат:
Линиите 43, 45, 50, 50А, 52, 53, 55, 55 В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68. Во насока на Дом на печат, Клинички центар и Транспортен центар, во Автокоманда преку булевар „Александар Македонски“ ќе се исклучуваат на клучката Дијамант, па по булеварите „Киро Глигоров“, „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајните постојки на Транспортен центар, а линиите 43, 50 и 50А од Транспортен центар, преку Југодрво и Рекорд, ќе продолжуваат до крајните постојки на Дом на печат и Клинички центар. Во обратна насока, ќе сообраќаат по истиот изменет режим.
Линија 54. Од кај Бриколаж, од улица „Перо Наков“, ќе врти лево по булевар „Киро Глигоров“, па по булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајната постојка на Транспортен центар. Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линија 16. Од Пржино према Железара ќе сообраќа преку Чаир (Бит пазар, Чаир, Железара). Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линиите 13 и 42. Во насока на Железара, движејќи се од Кисела Вода и Драчево, кај Фершпед ќе вртат лево на улица „808“, ќе поминат пред дирекција на ЈСП се до постојката кај „Алкалоид“ која ќе биде почетна/крајна постојка
Лините 2 и 2А. Во насока на Автокоманда, на кружниот тек кај Континентал, ќе се враќаат назад на кружниот тек и почетно/крајна постојка ќе им биде постојката кај Светлост.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
-

СДСМ бара вонредна седница и итни мерки
-

Откажани 20 летови на скопскиот аеродром поради густа магла, расчистување и снег од вторник
-

Дали новата варијанта на грип што се шири во Европа ќе ги загрози и граѓаните во Македонија?
-

Експерти: Барањата на Ахмети се надвор од Рамковниот договор, смените во опозицијата се козметички
-

Тивкиот повик за припадност: Како плакати и QR-кодови стануваат „јадица“ за радикализација
-

Патот до Галичица затворен
