Македонија
13. September 2015 - 13:20

Дел од корисниците на Партизанска утре без вода

Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје најави прекин во водоснабдувањето утре од 9.30 часот за дел од корисниците на бул. „Партизански одреди“ и улиците „Дане Крапчев“, „Мајаковски“ и „Црвена Вода“ во општина Центар.

Причина за прекинот е инсталирање водоводен приклучок на водоводна мрежа на бул. „Партизански одреди“ бр. 52,  соопшти РЦУК повикувајќи се на известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје.