Македонија
8. March 2016 - 15:46

Дел од Карпош и село Моране утре без вода

Без вода утре од 9 часот ќе останат жителите од населбите Козле, Жданец и Трнодол, како и селото Моране.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување во Моране е поради чистење и хлорирање на резервоар во селото, додека во населбите во Карпош е поради започнување со реконструкција во ПС Жданец.

Прекинот ќе биде се до завршување на работите.