Декларацијата за поддршка на територијалниот интегритет на Украина пред Комисијата за надворешна политика

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за надворешна политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.
Предлог Декларацијата на Собранието за осуда на политиките кои го доведуваат во прашање постоењето на европските држави и поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина е на дневен ред на Комисијата за надворешна политика.
Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат по Предлог законот за изменување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка.
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог законот за изменување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка, Барањето за давање на автентично толкување на член 85 став 1 од Закон за административни службеници („Службен весник на РМ” бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и „Службен весник на РСМ” бр.275/19, 14/20 и 215/21) и член 2 од Закон за минимална плата во Република Северна Македонија („Службен весник на РМ” бр.11/12, 30/14, 180/14, 81/15, 129/15, 132/17, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија ” бр.124/19 и 239/19), поднесено од градоначалникот на Општина Богданци, Барањето за давање на автентично толкување на член 38 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ бр.05/02), поднесено од градоначалникот на Општина Свети Николе и Барањето за давање на автентично толкување на член 244 ставови (1) и (3) од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија” број 150/10, 100/12, 142/16 и 198/18), поднесено од пратеничката Ане Лашкоска
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ на протест – граѓаните бараат Министерството да не и даде нова лиценца на компанијата
-

Тема на денот со проф. д-р Константин Димитров
-

Протестен марш ,,Стоп за Усје‘‘ против аерозагадувањето
-

Повеќе пари за инвестиции, земјоделие, образование: Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-

Мицкоски: Дипломатската нота за патувањето на моето семејство ги радикализира односите со Софија
-

Пазарна ќе ги споредува цените во целиот синџир на снабдување за да утврди од каде доаѓа поскапувањето
-

Судот во Стразбур: Државата имала право да ги поништи аболициите на Иванов
-

Амандманската расправа за правична застапеност ги судри албанските партии
