Тенис
20. September 2015 - 7:23

Дејвис куп: В.Британија и Аргентина водат со 2-1

Тениската репрезентација на Велика Британија поведе со 2:1 во полуфиналето против Австралија во Дејвис купот. Во мечот во игра на двојки браќата Енди и Џејми Мареј ги победија Самуел Грот и Лејтон Хјуит со 3:2 во сетови (4:6; 6:3; 6:4; 6:7 (6:8) и 6:4). 
Во второто полуфинале Аргентина води против Белгија со 2:1 откако во двојки вчера Берлог и Маер ги победија Белеманс и Дарцис со 3:1 во сетови. Денеска се играат мечеви во поединечна конкуренција, по кои ќе бидат познати и финалистите во ова натпреварување.