Дејвис куп: Македонија води против Молдавија, мечот е прекинат

Тениската репрезентација на Македонија денеска комплетираше две победи и води во третиот меч на турнирот од Третата Европска зона од Дејвис купот што се игра во Созопол, Бугарија. Во мечот за пласман во полуфиналето Македонија води против Молдавија со 1-0. Грабул оствари убедлива победа со два загубени гема (6-1; 6-1), против Булат, а мечот е во прекин поради темница. Во вториот сингл Јотовски води со 1-0 во сетови и во вториот сет е 2:2 во гемови против Циумак. Со триумф Македонија во полуфиналето најверојатно ќе игра против Луксембург.
Македонија најпрвим претпладнево во продолженито од вчера прекинатиот меч ја победи Малта со 2-1 откако Грабул и Деари победија во двојки. Потоа експресно беше совлада Исланд со 3-0, по синг победите на Грабул и Јотовски, во двојки триумфираа и Деари и Србљак.
Ново на Сител
-

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија
-

Tоварен воз падна од мост во Минхен
-

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер
-

Израел изврши напад во јужен Либан по стапувањето во сила на прекинот на огнот, јавува ННА
-

Кривична за директор на градинка во Штип, го оштетил буџетот на општината и градинката за над 7,7 милиони денари
-

Сиљановска-Давкова на промоција на иницијативата за обновување и одржлив развој на Галичник
-

СП 2026: Ноер се повлекува од репрезентацијата по Мундијалот
-

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина
