Тенис
20. September 2015 - 21:09

Дејвис Куп: Белгија во финалето против В.Британија

Репрезентацијата на Белгија успеа да се пласира во финалето на Дејвис купот откако во полуфиналето во Брисел ја победи Аргентина со 3-2. Белгиските тенисери денеска остварија две сингл победи и со тоа направија пресврт за пласман во финалето.

Решавачкиот поен за победа го донесе Стив Дарцис кој со 3:1 во сетови (6:4; 2:6; 7:5 и 7:6 (7:3) го победи Федерико Делбонис.
Белгија во финалето кон крајот на ноември ќе гостува кај Велика Британија.