Дејвид Соломон останува сам на чело на Голдман Сакс

Банкарскиот гигант Голдман Сакс денеска неочекувано информираше дека ко-претседателот Харви Шварц се повлекува од компанијата, еден недела по оставката на генералниот директор на банката Лојд Бланкфеин.
Со тоа, како единствен претседател на чело на Голдман Сакс останува Дејвид Соломон, кој е и најверојатниот иден генерален директор на банката.
Соломон и Шварц беа именувани за ко-претседатели на Голдман Сакс во 2016 година. според „Вол Стрит Џурнал“, во февруари одборот на банката ги разгледал двете кандидатури и се решил Соломон да биде идниот директор, по повлекувањето на Бланкфеин.
Шварц доаѓа од трговското одделение на банката, додека Соломон е долгогодишен директор на одделението за инвестициско банкарство. Во изминатите десетина години, раководството на Голдман Сакс доаѓаше главно од трговското одделение, и поради тоа најавата за именување на Соломон на чело на банката навестува и нова поставеност во приоритетите на банката.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на промоција на нова воена опрема во касарната „Илинден“
-

Собранието ќе ги продолжи 104. и 108. седница
-

Променливо облачно, попладне локално невреме со дожд, ветер и град
-

Обезбедувач извлечен жив од подрум на трговски центар осум дена по двата земјотреси во Венецуела
-

Приведени три лица поради подметнат пожар на багер во скопски Чаир
-

Се запали гнездо во Росоман, спасени мајката и трите штркчиња
-

Бројот на починати од ебола во ДР Конго надмина 400
-

Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари
