„Дејли телеграф“: Меј ќе ги претстави 12. преговарачки цели за излез од ЕУ

Велика Британија ќе го напушти заедничкиот пазар и царинската унија во рамките на излегување од Европска унија, тоа денеска ќе го сооопшти британската премиерка Тереза Меј пред дипломатите во Лондон, при што ќе ја изложи стратегијата за Брегзит, објави „Дејли телеграф“.
Таа ќе ги претстави 12. преговарачки цели.
- Ние се стремиме кон ново и рамноправно партнерство - меѓу независна, самоуправувачка и глобална Велика Британија, од една страна и нашите пријатели и партнери во ЕУ, од друга страна, ќе изјави Меј според „Дејли телеграф“.
Весникот посочува дека Меј ќе изјави дека Велика Британија ќе го напушти заедничкиот пазар и царинската унија.
- Никакво делумно членство во ЕУ, асоцирано членство или некој друг вид, со што би биле половина внатре половина надвор, ќе потенцира Меј.
Според „Дејли телеграф“ една од централните точки на стратегијата на Меј за Брегзит ќе биде враќање на националната контрола на границите на земјата.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
