„Дејли Телеграф“: Лондон и Рим согласни околу потребата за реформи во ЕУ
Велика Британија и Италија се согласни дека се потребни реформи во Европската унија, со што би се заштитиле правата на членките кои не и припаѓаат на еврозоната и таа на поефикасен начин би се справила со миграциската криза, наведуваат шефовите на дипломатиите на двете земји Филип Хамонд и Паоло Џентилони во зеднички текст објавен во лондонскиот весник „Дејли Телеграф“.
Двајцата министри за надворешни работи оценуваат дека Велика Британија и Италија имаат многу „заеднички нешта“ и се согласни за потребата од реформи во ЕУ за поедноставување на нејзиното функционирање и на нејзините процедури и правила.
- Можеме заеднички да работиме на пакетот реформи за ЕУ, кој че опфатат конкретни теми, како што е улогата на националните Парламент, конкурентноста, економскиот пристап и социјалната заштита, со цел ЕУ да стане поедноставна, поефикасна и помалку бирократска, наведуваат двајцата шефови на дипломатии.
Во заедничлата статија министрите за надворешни работи на Велика Британија и Италија оценуваат дека на ЕУ и се потребни „други патишта на интеграција“, кои можат да коегзистираат, што е клучно барање на Лондон, кој се поинтензивно се оддалечува од политичката унија, на која инсистираат 28 држави-членки на блокот.
Ново на Сител
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет
-
Павле Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација