Спорт плус
25. November 2023 - 14:05

Дејан Митровски Урко: Ветив злато и исполнивме

- Светското првенство овде во Португалија го завршивме со еден златен медал од Бобан Илиоски. Првенството го започнавме со Андреа Костовска кик лајт - 55кг која во квалификациите борбата ја загуби од Ковацс Фани Лаура од Унгарија.
Втор настапи Климент Грозданоски во кик лајт - 89кг против Зосуе Ортега од Венецуела каде со штета нанесена од судиите борбата иако наша каде Климент беше во водство со доделени казни од судиите кои му одзедоа бодови  ја свртеа борбата во корист на противникот со што Климент ја загуби борбата. Иако се жалевме и имавме издржани жалби сепак не ни ги признаа.  За Бобан Илиоски како што најавивме на самото тргање  дека ќе донесе злато го исполнивме. Бобан имаше спремни и искусни борци 
Алберт Угриншиќ  од Босна и Херцеговина, Алкшиев Елјан од Азербејџан и Уришбоев Нурбек од Узбекистан.
Со сите нив борбите ги изработи цврсто тактички не се отпушти да оди на нокаут напротив избоксува тактички, балансирано сигурно и во целост со тактиките однапред договорени со нас тренерите. Можам да кажам дека Боби е во одлична форма на која работевме подолго време каде имаше припреми и надвор од нашата земја и стана сериозна конкуренција во кик боксот од светски рамки.  До крајот на оваа година ни остана уште Европското првенство во Маи таи и во Анталија од 7-14 декември со што ја завршуваме оваа година. Во почетокот на следната 2024 планирано е ВАКО- ПРО организацијата за Боби да организира професионална борба за ВАКО- ПРО појасот за која околу деталите ќе ве информираме наскоро. Јас како претседател сакам да кажам дека и во спортот исто како и во животот има неправди, разочарувања и не го добиваме секогаш она сто го заслужуваме но со истрајност, упорност и волја наша и од бога резултатот и успехот доаѓа како награда, да напоменам дека ветив злато и исполнивме, изјави претседателот Дејан Митровски Урко.

- Среќен сум помина се како што треба вложениот труд се исплати, фала на господ и на сите што веруваа во мене. Поминав без сериозни повреди и задоволен сум како ги изработив сите борби. Како што ветив така и исполнив станав светски шампион.  До крајот на оваа година не чека уште едно такмичење во тајландски бокс Европско првенство во Турција Анталија. А за на почеток на 2024година  имам понуда за професионална борба за ВАКО-ПРО титула за деталите ќе ве информираме, изјави Бобан Илиоски по освоениот златен медал на СП во Португалија.