Фудбал
25. September 2015 - 15:41

Дејан Јакимовски ќе го суди дербито Вардар – Работнички

 

Само четири дена откако градските ривали Вардар и Работнички го одиграа својот меч во Супер купот, кој го добија „црвено-црните„ на пенали, истите ривали веќе в недела ќе ги одмерат силите во 6-то првенствено коло на ПМФЛ.
 
Средбата која ќе се игра на арената „Филип Втори’’ со почеток од 15 часот и 30 минути ќе суди Јакимовски Дејан, кому ќе му помагаат, Караколев Никола и Стојанчевски Марјан. 
 
На останатите средби од 8-то коло ќе играат: 
Брегалница - Хоризонт Турново
Металург - Ренова
Младост ЦД - Шкупи
Шкендија – Силекс
 
Табела: 
  1. Шкендија 18 бодови 
  2. Вардар 17
  3. Силекс 13
  4. Младост ЦД 12 (-1)
  5. Шкупи 8
  6. Работнички 7 (-1)
  7. Хоризонт Турново 6
  8. Брегалница 6
  9. Ренова 5
  10. Металург 2