-->
-->
Дејан Георгиевски е првак во таеквондо
-->
Дејан Георгиевски е новиот европски првак во таеквондо. Тој го освои златниот медал на ЕП во Софија во категоријата над 80 килограми.
Георгиевски во првото коло го совлада Матео Милани (Италија), а во второто коло го совлада Сердар Јуксел од Турција.Во четвртфиналето Георгиевски бешеподобар од Германецот, Чем Унлусоја, со победата над Михајло Шелест од Украина во полуфиналето, веќеимаше обезбедено медал.
Сепак за медалот да биде со најголем сјат (златен) Георгиевски се погрижи во диналето по одлична борба да го совлда Русинот, Јури Кириченко, и да се искачи на највисокото место на пиедесталот.
Ова е најголемиот успех во историјата на македонското таеквондо, спорт кој е дел од семејството на Летните олимписки игри.
Дејан Георгиевски на ранг-листата на Светската таеквондо федерација е на 120.место, но сигурно по оваа европска титула многу ќе напредува и на оваа листа, а тоа ќе биде и многу поблиску до настап на Летните Олимписки игри во Токио во 2020 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“