Дејан Чиплаковски прв пат го извади Чесниот Крст од река Брегалница во Берово
По пауза од една година поради пандемијата во реката Брегалница во Берово положен Чесниот Крст, како дел од одбележувањето на христијанскиот празник Водици. Најмногу среќа меѓу учесниците кои учествуваа во традицијата имаше беровчанецот Дејан Чиплаковски, на кого му беше прв пат да го извади крстот од реката Брегалница.
-Посакувам на сите здравје и среќа и на помош нека ни е празникот. Не беше студено воопшто во светите води, кој сака за здравје нека учествува па верувам дека и следната година повторно ќе учествувам, рече Чиплаковски.

Од беровското свештенство по повод празникот изразија надеж дека догодина пандемијата ќе заврши, со што ќе продолжи традицијата за овој настан.
-Претходната година знаете дека не можевме да го одржиме овој настан затоа посакувам да се смират сите овие работи, овие тензии и пандемијата и секоја година традиционално да се одржува овој настан, да си ја поддржуваме верата, кажа Отец Илија.
По крстот скокаа околу дваесетина лица, а според верувањето, оној што ќе го фати крстот ќе има среќа и бериќет цела година. Главната награда апарат за домаќинстцо годинава ја обезбеди компанијата Зегин.
Ново на Сител
-

Претрес во Кочани, кај 21-годишна девојка пронајдени три видови на дрога
-

Пиеракакис: Можно е да се соочуваме со најголемата енергетска криза во историјата
-

Турската полиција приведе 83 лица, блокираше 940 сметки и затвори 93 групи поради објави за пукањата во Кахраманмараш и Шанлиурфа
-

Инфантино: Играчите на Иран сакаат да играат на Мундијалот и треба - спортот треба да биде над политиката
-

Мицкоски: Законот за високото образование не е политичко туку државно прашање од кое зависи иднината на земјата
-

ДЗС: Ангелов во Кипар на состанок на директори за цивилна заштита на земјите од ЕУ
-

Муцунски и Прево на утринско трчање низ Скопје
-

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли
