Дефо: Не би ги менувал моите заби

Американскиот актер Вилијам Дефо, на денешната прес-конференција во Карлови Вари, како гостин на Меѓународниот филмски фестивал, ги освои присутните со својот шарм и шеговити изјави во врска со неговиот изглед, јави дописникот на МИА.
-Моите заби ми се допаѓаат, бидејќи се мои. Никогаш не сум мислел нешто да сменам, рече Дефо.
Тој ја отфрли констатацијата дека во неговата кариера играл само негативни карактери и посочи дека целиот негов професионален живот е поврзан со театарот. Тој се довери дека повеќе сака да снима нискобуџетски филмови, бидејќи работата во нив била поинтензивна од оние кои располагаат со голем буџет.
-Во кујната има помалку готвачи. Мора повеќе да се грижат се да биде во ред. Секако дека имаат помалку пари, но резултатот може да биде многу интензивен, рече Дефо кој во чешкиот град е дојден со неговата сопруга, италијанската актерка и режисерка Гиада Коловранде.
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

Мицкоски: Врховниот суд нанесува срам на правдата во Македонија, тоа се остатоците на СДС и ДУИ
-

Недоволната едукација предизвик во современото пчеларство
-

Карбинци подготвува нови зони за индустрија и домување
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 300 милиони денари Државна лотарија ги спонзорираше настаните за 35 години независна Македонија
-

Тема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-

5,5 милиони евра за 35 години независност
