Дефиле на детски маски, во рамки на прилепскиот карневал „Прочка 2016“

Со дефилето на повеќе од 300 учесници во групните маски од учениците од прилепските училишта, денеска на плоштадот „Методија Андонов-Ченто во центарот на Пирлеп се одржува детскиот карневал, како претходница на утрешното издание на 15. меѓународен карневал „Прочка 2016“.
Според општина Прилеп, која е организатор, живописните детски маски: грашковци, возот на среќата, Алиса во земјата на театарот и бројни оригинални групни маски, жонглери, пантомимичари, ја навестија карневалската атмосфера во Прилеп.
- Новитет за годинашниов 15 меѓународен карневал „Прочка“ е денешниот детски карневал, што значи и понатаму карневалот ќе се одржува два дена: во сабота е детскиот, а в недела е дефилето на маските од земјава и странство. Утре ќе дефилираат преку 1.500 учесници, домашни и странски маски, а атмосферата е живописна, како што прилега на еден карневал. Овој карневал прерасна во голема туристичка атракција за Прилеп. Угостителските капацитети се полни со гости, кои доаѓаат од секаде, изјави градоначалникот Марјан Ристески.
Според Снежана Ристеска, советник за култура најавени за утрешното дефиле на маските се учесници од Србија, Хрватска, Словенија, Албанија, Грција, Бугарија, Италија и од повеќе градови од Македонија.
Стручното жири денеска ќе ги оцени најдобрите детски маски. Утре од 13 часот во центарот на Прилеп е главното дефиле на маските. Попладнето ќе бидат прогласени најдобрите поединечни и групни маски на годинашниов карневал. Во Центарот за култура ќе биде отворена видео изложба на спомени од годините на одржувањето на карневалот, а ќе биде промовирана и монографија за 15- годишниот јубилеј на карневаот „Прочка“. Утревечер во хотелот „Липа“ е заедничката карневалска забава на маските.
Ново на Сител
-

Приведен 66-годишен кичевец, во домот пронајдени оружје и муниција
-

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи
-

ЕУ се соочува со голем демографски пад - до крајот на векот ќе остане без 53 милиони луѓе
-

Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран
-

Иран делумно го ослободи пристапот до Интернет, дозволени телефонски разговори со странство
-

Маѓар: Ограничувањата на цената на горивата ќе останат на сила и по преземањето на власта
-

Орбан: Јас сум одговорен за неуспехот на изборите, потребна е целосна обнова на десницата
-

Симулациска вежба на македонската полиција на охридскиот аеродром
