Дедо пробал со лопата да ја убие најотровната змија на светот - Таа грешка била кобна

Австралијанец (77) починал седум дена откако една од најотровните змии на светот го угризала во неговиот дом, објавија официјалните лица во вторникот.
Дејвид Пит бил во дневната соба во својот дом во градот Каринс кога го угризала змија додека пробувал да ја убие со лопата. Болничарите го реанимирале и му дале противотров и во критична состојба го пренеле во болница. Неколку дена бил на интезивна нега, но во понеделникот подлегнал на повредите.
Наводно станува збор за 1,5 метар долг пустински таипан, една од најотровните змии на светот чии угриз, во зависност од количината на вбризганиот отров и физичката состојба на жртвата, може да убие човек и за половина час, ако по угризот од оваа змија не се пружи вистинска помош. Смртноста кај луѓето изнесува 100% како и кај афричката, црна мамба. Според проценките на научниците, пустинскиот таипан има отров доволно да убие дури 50 возрасни луѓе.
Смртните случаеви од угриз на змија се ретки во Австралија, иако што таму живеат од 20 до 25 најопасни змии отровници.
Погледнете го видеото:
youtube.com watch
?v=uYMdA9EkFbw
Ново на Сител
-

Магла на неколку патни правци, во прекин товарниот сообраќај на ГП Деве Баир
-

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
