-->
-->
Дедо Мраз со воз пристигна кај дечињата во Гевгелија
-->
Традиционално, како и во изминативе триесетина години, денеска точно на пладне Дедо Мраз со воз од Миравци пристигна на железничката станица во Гевгелија каде беше пречекан од многу дечиња со нивните родители.
Дедо Мраз на најмладите гевгелиски жители им делеше подароци,а тие му приредија пригодна забава во рамки на новогодишниот карван кој се организира секоја година единствено во градот каде Дедо Мраз пристигнува само со воз.
Придружуван од дечињата,Дедо Мраз од железничката станица со автомомил се упати кон центарот на Гевгелија каде беше организиран неговиот свечен пречек.
Организатор на традиционалната манифестација насловена ,,Дедо Мраз пак кај нас,, и годинава беше Пионерскиот дом од Гевгелија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Повремени врнежи и грмежи и засилен северен ветер
-
Адвокатот кој стана министер за внатрешни работи | Панче Тошковски | Неформално | Sitel Podcast 059
-
Мајка го тепала синот и кршела по дома, таткото пријавил во полиција
-
Пронајдени куршуми во двор на гостиварско училиште
-
Силувана малолетничка која била пријавена за исчезната
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија