Дедо Мраз на мотор по 11-ти пат во Куманово
Во Куманово, по 11-ти пат се одржа манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“ која традиционално ја организира мото клубот, „Мечки“.
И овој пат моторџиите од Куманово и другите градови од државата успеаја да ја доловат новогодишната магија и да предизивикаат восхит меѓу најмладите кумановци. Добра волја, капа на Дедо Мраз и секако мотор е потребно да се учествува на оваа манифестација.
Учесниците подарија новогодишни подароци, слатки и играчки за децата кои беа присутни на градскиот плоштад. Средствата за оваа донација ги собрале членовите на Мото клубот и нивни пријатели.
-Манифестацијата е хуманитарна и овој петок ќе ги посетиме децата со интелектуална попреченост во Дневниот центар за деца со посебни потреби кое е под ингеренции на МТСП и ќе однесемe новогодишни подароци, изјави Виктор Михајловски од Мото клуб „Мечки“.
Децата, но и повозрасните уживаа во глетката на Дедо Мраз на мотор кои возеа низ кумановските улици.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв

