Дедо и внук повредени на пешачки премин во Штип
Такси возило утрово удри во двајца пешаци на пешачки премин во централното градско подрачје во Штип. Пешаците, кои биле дедо и внук, се здобиле со телесни повреди.
Несреќата се случила утринава околу 8 часот, кога 65-годишниот пешак и неговиот осумгодишен внук преминувале на пешачки премин на мостот кај Стопанска банка, а во нив удрило такси возило марка шкода „фабиа“. Возилото го управувал 60-годишен возач од Штип.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека пешаците веднаш се пренесени во штипската Клиничка болница, каде што им се констатирани телесни повреди.
Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска забележа дека по извршените прегледи и снимања утврдено е дека лицата се со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување.
Во Штип пред неколку месеци на пешачки премин на булеварот „Гоце Делчев“ беше прегазен 14 – годишен средношколец, кој неколку дена подоцна им подлегна на тешките повреди, а во истиот период беше прегазена жена на пешачки премин кај кружниот тек кај Стопанска банка.
Панјотова апелира возачите и пешаците да внимаваат и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, со цел поголема безбедност за сите ученици во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024