Живот
26. July 2016 - 17:12

Дечко ми е мигрант од Сирија, се вика Аднан и многу го сакам: Смилјана открива како ја запознала љубовта на својот живот!

Смилјана Ѓорѓевиќ (35) од Белград, заминала пред една година службено во Германија. До тогаш во Белград имала приликa да се сретне со мигранти, но како што вели и самата било незамисливо да се впушти со некој од нив во љубовна романса.
 
- Се запознавме на железничка станица во Хановер. Го пропуштив возот, дечкото беше на станицата и виде дека буквално ми избега пред носот, ми пријде и ми рече дека следниот ќе дојде за 20 минути. Ме праша дали може да се запознаеме изненадувајќи со добар англиски. Рече дека се вика Аднан - рекла за телеграф.рс Смилјана.
 
- Беше облечен во светли чисти фармерки и бела испеглана кошула. Уште кога проговоре на перфектен англиски сигурна бев дека не е мигрант,  но веднаш потоа ми рече дека е од Сирија и дека во Германија дошол да бара азил. Го прашав од каде пегла? Се насмеа и ми рече дека добро се грижат за нив и дека дури имаат и пегла. Збореше насмевнувајќи се - кажала 35-годишната белграѓанка.
 
- Аднан е мигрант од Сирија во Германија околу една година. Поднел барање за азил и сеуште чека одобрение, а тоа е процедура која долго трае. Минува низ период на асимилација, учи јазик и чека. Ми рече дека штом поднесе барање за азил, секој месец добиваат по 600 евра, што им овозможува нормален живот. Таму не плаќаат сместување и храна.
 
- Тој е архитект. Тоа ми го кажа откако се зближивме. Ми кажа дека му е глупо да зборува за тоа, бидејќи дека гледа дека многу од нив кажуваат намерно дека се образовани и дека завршиле разни факултети но всушност лажат. Не ни сонував дека можам некогаш да сретнам некој како него, и дека ќе ми рече дека е мигрант. Такви момчиња нема во Белград, или пак умешно се кријат, а можеби сум немала среќа да наидам на некое такво фино добро и нормално момче. Почнав навистина да верувам во судбина - заклучила заљубената девојка.