Децата знаат да читаат, но имаат проблем со поврзување на прочитаното

Децата од второ и трето одделение во Македонија се вешти при препознавањето на букви и читањето на поврзани зборови, меѓутоа имаат проблем доволно течно да ги прочитаат текстовите за да можат да одговорат точно на прашањата за разбирање, покажува Националната студија за јазична и математичка писменост на децата спроведена во рамките на проектот на УСАИД со „Читање до лидерство“ и Здружението „Чекор по чекор“.
Истражувањето е спроведено на национално ниво во мај 2016 година на репрезентативен примерок од 8.000 ученици на македонски, албански и турски наставен јазик од сите основни училишта во Македонија.
Според Викторија Димитровска, заменик раководител на проектот, кога станува збор за прашањето разбирање и се влечат факти од текстот на децата им е полесно, меѓутоа кога треба да поврзат информации од различни делови на текстот и дадат свое мислење нашите деца имаат проблем.
- Една од нашите препораки е дека со децата треба повеќе да се вежба читање и тоа не само на училиште, туку и во домот и сите секојдневни ситуации. Да се изнаоѓаат реални ситуации каде децата ќе може го вежбаат читањето и да работат на разбирање, од семејството да им се поставуваат различни видови прашања со кои кај децата ќе се поттикнува да се развива ова разбирање, изјави Димитровска.
Министерката за образование и наука Рената Дескоска, рече дека целта да се подигне рејтингот на Македонија на нивото на меѓународни мерења на степенот на образованието може да се постигне заедно со Министерството, со наставниците, со родителите, со учениците и со поддршка на невладините организации.
- За да постигнеме јазична и математичка писменост потребно е големо вложување и на родителите во процесот на едукација на сопствените деца. Ние разговараме и со Министерството за труд да ја зајакнеме образовната компонента во рамки на предучилишното образование и да го зголемиме опфатот на деца коишто ќе имаат можност да стекнат некакво образование и во предучилишна возраст, изјави Дескоска.
Посочи дека истражувањето направено на 8.000 ученици е за поздравување, а резултатите ќе бидат земени предвид.
Ново на Сител
-

Претежно сончево време утре и во сабота, потоа дожд и пониски температури
-

Сопственикот на објектот каде беше „Пулс“ бара ослободување поради сепса и бактерија, судијката го предупреди со притвор
-

Почина д-р Ванчо Андреевски, истакнат невропсихијатар
-

Газда Дeко се жалел на чести претреси и барал смена на душек, не на нечовечко однесување - велат од затворот во Куманово
-

Железничко поврзување на Скопје и Софија до 2030 година
-

Иранска Црвена полумесечина: Во американско-израелските напади оштетени се најмалку 105 цивилни објекти
-

Одбраната побара спојување на постапката за пожарот во „Пулс“ со новиот обвинителен акт против 13 полицајци
-

На ГП „Блато" приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница
