Децата се дискриминирани, недостасуваат 43 учебници утврди Kомисијата за дискриминација
Од вкупно 126, државата не обезбедила 43 учебници за основно образование. КСЗД утврдиле дека само прво и второодделенците подготвени ја почнуваат новата учебна година.
Сите други ученици повторно ќе се снаоѓаат за материјали по одредени предмети. МОН направило системска дискриминација врз пошироката популација бидејќи во дадениот рок повторно не успеале да обезбедат учебници за сите. КСЗД утре ќе одлучува за тужба против надлежните државни институции.
Потребата од нови учебници произлегува од новата концепција од март 2021г од тогашната министерка, колку и дали е ефикасна е предмет на јавна дискусија. Им дадовме препорака да направат законски измени бидејќи се правдаа дека проблемот е во законот, не го сторија тоа. Уште една од препораките кои мон не ги исполни.
Според извештајот на министерството, учениците од 3то и 6то ќе немаат ниту еден учебник, книгите или се уште не се одобрени или пак не се преведени и испечатени. МОН објавиле оглас за автори еден ден пред стартот на учебната година.
Учениците од 7, 8 и 9 одделение тие ќе ги користат старите учебници, освен географија поради проблем со пренос на авторски права, а нејасно е дали ќе ги користат учебниците по историја. Поради историската комисија, МОН во извештајот наведува дека нема да нарачуваат дополнителен тираж од овие учебници.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
