Децата на Исламска држава – трауми во камповите за семејствата на екстремистите

Меѓународните медиуми ги нарекуваат камповите во кои се сместени семејствата на припадниците на терористичката Исламска држава „инкубатори“ за преродба на таа организација. Сепак, хуманитарните организации велат дека и покрај изложеноста на насилство и екстремизам, децата во овие кампови можат да бидат спасени, рехабилитирани и реинтегрирани во надворешниот свет. Тие тврдат дека акцијата треба да биде брза за да има ефект, додавајќи дека траумата кај децата секој ден е сè поголема.
– Кога ќе почнете да ја почитувате својата религија, многу очи ќе бидат насочени кон вас. Луѓето почнуваат да се прашуваат зошто го покривате лицето. Зошто го правите ова? И тогаш ја добивате понудата. Може да живеете во Исламска држава каде што никој нема да ви ги постави сите овие прашања, објаснува белгиската државјанка Букра Абуалал.
Повеќе од 50.000 деца на екстремисти сега се наоѓаат во кампови, откако последното упориште на ИД во Сирија беше ослободено во март. Повеќето се со своите мајки, кои се сопруги и други роднини на борците на таканаречениот калифат. Нивните татковци најчесто се мртви или во затвор.
Надлежните велат дека камповите станале многу опасни затоа што има напади врз чувари и жени кои повеќе не ги следат строгите правила во рамките на кампот, кои ги применуваат жените кои имаат воспоставено свои морални норми во стилот на Исламска држава.
Илјадници семејства не се жители на регионот и властите постојано ги повикуваат странските држави да ги преземат своите државјани.
– Ние ја зајакнуваме безбедноста во кампот „Ал Хол“, но тоа е политички проблем за 50 држави, не само за нас, вели Мустафа Бали, портпарол на Сириските демократски сили.
Хуманитарните организации истакнуваат дека сè уште не е доцна за да се спасат децата на екстремистите од ИД. Меѓутоа, ако ништо не се смени во овие кампови, велат тие, хуманитарната криза може да се претвори во безбедносна катастрофа.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал за сите сојузници, како Влада, продолжуваме да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница
-

ССМ: Работниците се двојно попродуктивни од она што го добиваат преку платите
-

52-годишен скопјанец ја претепал партнерката која била во вториот месец од бременоста
-

При претрес во Кавадарци и Велес пронајдена дрога уапсени три лица
-

Ден на жалост во Сараево по трагичната трамвајска несреќа
-

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка од Владата
-

Трагедија во Србија: Загина поранешна тенисерка во тешка сообраќајка
-

Претрес во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени четири лица
