Македонија
30. јуни 2018 - 16:06

Децата бегалци од Егејска Македонија го осудија договорот меѓу Грција и Македонија

Со цвеќиња и емоции денеска беа одбележани 70 години од прогонот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Пред споменикот на децата бегалци почит одадоа делегации од Светскиот македонски конгрес,  од Кабинетот на претседателот на државата, повеќе  партиски делегации , а повикана беше да положи цвеке и партијата СДСМ.

Присутните порачаа дека договорот со Грција е срамотен и предавнички. Дел од нив евоцираа спомени од егзодусот. Доминика Попјанева вели дека потекнува од старо леринско семејство ,  кое било сотрено од Грците.

Познатиот канадски хирург Лефтер Манче, со потекло од Костурско, вели дека ме горд што е Македонец и не прифака некој да му го смени името

Настанот се одржа во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, а покровител е Светскиот македонски конгрес.

За 19 јули , во организација на е закажана Петта светска средба на децата бегалци , но во организација на Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.