Деца на возраст од 3 и 4 години првите жртви на грипот во Македонија
Грипот ги зеде првите жртви. Тоа се две деца на возраст од 3 и 4 години, едното од Кичево, а другото од Гостивар, кои биле лекувани на Клиниката за детски болести – Скопје на Одделот за интензивна нега. Ова се вели во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје во кој се презентирани податоци за неделниот број на заболени од грип од 1-ви до 8-ми jануари. Според извештајот, во земјава има 8.067 нови случаи на грип, со што вкупната бројка на заболени се искачи на 23.843 со кумулативна инциденца од 1.152,3 на 100.000 жители. Бројот на новозаболени се намалува за 14,9 отсто во споредба со минатата недела кога беа пријавени 9.485 случаи.
„Намалениот број на случаи во споредба со претходната недела се должи на намалениот број на случаи кај децата од 5-14 години, што може да се објасни со почетокот на зимискиот распуст. Иако зимскиот распуст на училиштата може да го ублажи интензитетот на ширење на грипот, сепак се очекува високиот број на случаи да се одржува и во наредните недели“, оценуваат епидемиолозите.
Тие велат дека бројот на пријавени случаи на грип и заболувања слични на грип, како и лабораториски потврдените случаи на грип укажуваат на ран почеток на сезоната, а неделниот број и понатаму се одржува над границата на многу висока активност на грипот што е прв пат по пандемската сезона 2009/2010).
Ново на Сител
-

Значително поскапување на горивата – РКЕ ги објави новите цени
-

Телефонски разговор Муцунски - Хоџа
-

Следните денови врнежи од дожд и посвежо
-

Комеморативен настан „Ден на сеќавање - 16 март 2025“: Да споменуваме дека имаме чета ангели на небото и да се гордееме што ги имавме со нас
-

Преживеан од трагедијата во „Пулс“: „10 дена кома и месец борба, животот е кревок, секој ден е подарок“
-

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани
-

Изминатиот викенд 1198 сообраќајни прекршоци, уапсени 42 лица за безобѕирно управување на возило
-

Чибишев: Денот кога се случи трагедијата во „Пулс“ и наредните 30-ина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера
