Живот
4. September 2018 - 14:27

Деца монструми ја шокираа Австралија: Ја обесија болната другарка (10) на дрво во училишен двор!

Страотно врсничко насилство ја потресе Австралија зошто група на деца ја обесија својата другарка Амбер Јун (10), која има вродена тешка срцева мана, за дрво во училишниот двор.

Овој ужасен случај се одигра во католичкото основно училиште „Кралица на апостолите“ во австралискиот град Перт. Станува збор за училиште кое се фали со „воспитна, содржајна и безбедна средина“ и има мото „љубов, заедништво и мир“.

Несреќното девојче веќе било на јаже кога ја забележал еден учител, кој притрчал, го пресекол јажето на кое висела и ја спасил во последен миг.

Мајката на Амбер, Белинда Јун, им раскажа на медиумите дека врсничкото насилство над нејзината ќерка би можело да биде кобно и затоа што нејзината ќерка има вродена тешка срцева мана - дупка во срцето, поради што безброј пати била во болница.

„Амбер многу работи преживеа, претрпе многу болка и ужасни ситуации, кои повеќето деца, фала му на Бога, нема да ги доживеат“, вели Белинда и додава дека нејзината ќерка децата и претходно ја малтретирале.

По ова бесење, малечката ќе мора да оди на психијатар зошто страда од тешка анксиозност. Училиштето се уште не се огласи, но австралиските медиуми јавуваат дека ниту едно дете не е испитано, ниту пак казнето за страотниот напад.