Дебранки крешеа василичарска погача
Православните дебрaнки, продолжувајќи ја традицијата воспоставена пред околу три децении, кршеа василичарска погача.
Погачата ја подготви Иванка Апостоловска-Јаковлевска, каде лани се падна паричката, а вечерва најсреќна беше Нада Љубиновска, пензиониран просветен работник.
– Пресреќна сум. Ова не е првпат да ми се падне паричката. Кога првпат ми се падна годината ми се случија многу среќни настани во семејството. Посакувам здравје, среќа, мир, благосостојба насекаде. Посакувам оваа традиција да продолжи ушто долго, изјави Љубиновска.
Кршењето погача за Василица пред триесеттина години ја востанови Иванка Ивановска, претседателка на тогашната организација на жени.
Според вековната традиција денеска домаќинките подготвија пита или како што дебрани го нарекуваат виткан комат со паричк, која каде ќе се падне се верува дека носи среќа цела година.
Утре претпладне, пак, децата суројчари ќе ги посетат православнте домови да поскаат повесела и поплодна година. Тие во рака држат, како што се нарекува суројца во форма на крст или китка, составена од страк од лозница, гранчиња од леска, дрен, даб и босилек заврзани со црвен конец. Домаќините ќе ги даруваат пред се со пари, но и со благо, костени,ореви и овошје.
Ново на Сител
-

Со рент-а-кар шверцувале 10 килограми марихуана сокриена во нутела и павлака на ГП Дојран | ФОТО
-

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
-

„Фејненшл Тајмс“: Драги или Меркел како можни преговарачи на ЕУ со Москва
-

Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија

