Дебранец се обидел да убие сограѓанин
На триесет и осумгодишен жител на Дебар поднесена му е кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
– Одделението за внатрешни работи – Дебар поднесе кривична пријава против Б.К.(38) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. Тој, на 15-ти месецов околу 8 часот на локален пат во месноста „Удово“ покрај Дебарското Езеро, со остар предмет го нападнал Д.Љ.(32) од Дебар, нанесувајќи му повреди, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.
Нападнатиот бил пренесен во дебарската општа болница со проширена дејност, каде му била пружена прва медицинска помош а потоа транспортиран во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Охрид „Св.Еразмо“ во Охрид.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
