Дебранец на нива пронашол експлозивна направа

Дебранец кој извршувал градежни работи на земјоделска површна во негова сопственост во селото Тараник, пронашол експлозивна направа, минофрлачка граната од Втората светска војна.
– Лицето С.М.(33) од Дебар, завчера пријави дека при изведување градежни работи во нива, во селото Тараник, пронашол експлозивна направа – минофрлачка граната од Втора светска војна. Од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување преземени се безбедносни мерки за подигнување на гранатата, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Тпј информира дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, до надлежното Јавно обвинителство поднесло кривична пријава против Р.А.(39) од Дебар.
Додаде дека лицето Р.А. на осми овој месец во угостителски објект лоциран на улицата „8 Септември“ во Дебар почнал со вознемирување, вербална расправија и закани кон присутните гости, а потоа почнал да крши чаши и да фрла со други предмети кон вработените.
Ново на Сител
-

ДУИ обвинува за јазична дискриминација, ИЈЗ тврди дека нема неправилности
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена, следниот месец оди на аукција за продажба
-

Исплатата од „Алта банка“ започна и во Струмица, но со неколкучасовно доцнење
-

Цените на горивата паѓаат, животните трошоци растат
-

Нема неправилности во работата на ЦСР Гевгелија за убиството на 17-годишната Билјана
-

Судењето за Ива Михаилова продолжи во нејзино отсуство
-

УГД ги суспендираше двајцата осомничени вработени
