Дебатата Клинтон-Трамп ја гледале рекордни 80,9 луѓе

Рекордни 80,9 милиони гледачи биле телевизиски аудиториум синоќа за дебатата меѓу Хилари Клинтон од Демократската партија и Доналд Трамп од Републиканската партија. Со тоа е урнат рекордот од 1980 година, објави компанијата за маркетинг истражувања Нилсен.
Првичните податоци од четирите најголеми телевизии во САД покажаа дека вчерашната 90-минутна дебата нема да надмине 100 милиони гледачи, како што очекуваа аналитичари.
Во 2012 година првата дебата меѓу Барак Обама и тогашниот кандидат на републиканците Мит Ромни ја следеа вкупно 67,2 милиона гледачи.
Најгледана предизборна дебата во САД досега беше меѓу Роналд Реган и Џими Картер во 1980 година. Таа дебата ја гледаа 80,6 милиони луѓе. Вчерашната дебата меѓу кандидатите за претседател беше првата од вкупно три пред изборите на 8 ноември.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
