Дебата за задачите на Македонија во процесот на зачленување во НАТО

Членството на Република Македонија во НАТО е темата на која денеска на панел дебата ќе говорат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, амбасадорката на Република Хрватска Данијела Баришиќ, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски и политичкиот аналитичар Сашо Орданоски.
Прашањата на кои ќе одговараат панелистите се однесуваат и на тоа дали спроведувањето на активностите во рамките на процесот гарантираат транспарентност на институциите и почитување на човековите права и слободи, како и на предизвиците и можностите кои се отвораат во овој процес.
Панел-дискусијата е во организација на ЦИВИЛ Медиа како дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Ново на Сител
-

Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
-

Кога ќе се научат фирмите дека се продаваат поскапи производи, тешко се враќаат назад, вели Димитриеска Кочоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Кочоска: Формализирање на неформалната економија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Го заштитивме растот на платите
-

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските свечености
-

Изјава за медиумите на премиерот Мицкоски
-

Преглед на вестите од светот
