Македонија
8. February 2018 - 9:42

Дебата за задачите на Македонија во процесот на зачленување во НАТО

Членството на Република Македонија во НАТО е темата на која денеска на панел дебата ќе говорат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, амбасадорката на Република Хрватска Данијела Баришиќ, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски и политичкиот аналитичар Сашо Орданоски.

Прашањата на кои ќе одговараат панелистите се однесуваат и на  тоа дали спроведувањето на активностите во рамките на процесот гарантираат транспарентност на институциите и почитување на човековите права и слободи, како и на предизвиците и можностите кои се отвораат во овој процес.

Панел-дискусијата е во организација на ЦИВИЛ Медиа како дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.