Дебата за состојбите во македонската економија пред и по пандемијата
Премиеротот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ќе се обратат на Свеченото собрание на Организацијата на работодавачи, информира владината прес-служба.
На дебатата, како што информираат од ОРМ, ќе се говори за македонската економија пред и по пандемијата со Ковид-19, каде говорниците ќе зборуваат за актуелните случувања и предизвиците со кои се соочи земјава во изминатиот период, но и можностите за економскиот развој по пандемијата.
– Владата на Република Македонија донесе сет економски мерки и директна помош која беше носочена кон граѓаните и стопанството за да ги ублажи последиците од Ковид-19, но сепак за дел од бизнис заедницата овие мерки не беа доволни. Целокупната состојба изврши силен удар врз работодавачите, дел од нив се прилагодија и успешно ги реструктуираа своите бизниси, но сепак за дел од работодавачите кризата означуваше и затварање на многу работни места или пак затварање на економската активност. Девет сектори во кои се ангажирани 62 отсто од вкупниот број вработени во стопанството се најмногу погодени од кризата, а дури 40 000 работни места се наоѓаат во непосреден ризик, велат од ОРМ.
Организацијата на работодавачи на Македонија, велат оттаму, уште од самиот почетокот на кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 даде свој придонес и ги застапуваше интересите на работодавачите преку учество во националниот Економско-социјален совет, националниот Совет за безбедност и здравје при работа и други тела,поднесе предлог мерки и активности до државните институции, се со цел полесно надминување на кризната состојба.
Значителен дел од предложените мерки од ОРМ биле прифатени од страна Владата и беа преточени во активни мерки и уредби. Економските последици, нагласуваат работодавачите, ќе се чуствуваат и во наредните години, но сепак со заеднички напори можеме да ја придвижиме економијата и да отвориме нови перспективи за развој на бизнисот во новата реалност.
Ново на Сител
-

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок
-

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
-

Демонстрантите во Тирана се судрија со полицијата - оштетени јавни објекти и инфраструктура
-

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“
-

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп - Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“
-

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ќе ги соопшти деталите за трите нови светски рекорди на Матка
-

Лидерите на ЕУ го завршија самитот во Брисел без договор за буџетот на Унијата
-

Брвеница во недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените
