Македонија
23. јуни 2023 - 12:24

Дебата за родова еднаквост во Струмица

Намерите на родовите идеолози и центрите на моќ се злобни. Повеќе од очигледно е дека подготвуваат тоталитаристички логор во којшто сакаат да го затворат не само нашиот народ, не само македонското општество, туку сиот свет, порача владиката Јаков од трибината насловена „Вистинското лице на родот“ што се одржа во Струмица, а на која се дебатираше за законите за еднакви можности и матична евиденција. Според него луѓето се повеќе се збунети бидејќи родот во тој контекст во којшто го претставуваат нема само едно лице, туку има илјадници лица.

Лилјана Поповска, активист за правата на жените и поранешна пратеничка и претседателка на ДОМ смета дека со предлог законот се укинува постојниот закон за еднакви можности на мажите и жените кој e единствениот што е посветен на правата на жените и на нивната борба.

Трибината „Вистинското лице на родот“ беше во организација на фондацијата Елеуса од Струмица и е дел од серијата трибини поврзани со оваа тема што се реализираат веќе неколку месеци.